среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалер на ПСЖ под истрага за силување

Фудбалер на ПСЖ под истрага за силување

Француското Обвинителство во градот Нантер отвори истрага за силување против фудбалерот на ПСЖ и ѕвезда на мароканската репрезентација Ашраф Хакими, јавија денеска локалните медиуми.

Канцеларијата на обвинителот во Нантер кратко соопшти дека „не сака да комуницира за оваа истрага која е во тек“.

Ниту ПСЖ, ниту Хакими, не се достапни за коментар, пренесуваат француските медиуми.

Весникот „Паризиен“, кој прв ја откри истрагата, објави дека 24-годишна жена во неделата пријавила во полиција дека ден претходно била силувана во домот на Хакими во близина на Париз.

Весникот наведе дека жената не поднела официјално пријава, но оти Обвинителство по службена должност отворило истрага за случајот.  (МИА)