среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалери во Шпанија бараат да ги слушаат разговорите во ВАР собата

Фудбалери во Шпанија бараат да ги слушаат разговорите во ВАР собата

Неколку фудбалери и тренери, незадоволни од судиските одлуки на натпреварите од воведните кола во шпанското првенство, побараа воведување микрофони и камери со помош на кои би можеле да го слушаат разговорот на главниот судија со помошниците во ВАР собата и со тоа да добијат објаснување за одлуките кои нема да ги разберат

Меѓу главните иницијатори на оваа идеја е хрватскиот фудбалер Ивица Ракитиќ, кој тоа го предложи откако судијата Хезус Манзано во дуелот од 3. коло призна гол за Севиља, а по проверката во ВАР собата го поништи поради офсајд.

„Кога веќе толку се снимаме, и судиите нека застанат пред микрофон и објаснат што прават“, изјави Ракитиќ.

Ла Лига, организатор на шпанското првенство, со цел поголема заработка од телевизиските права, дозволува пред натпреварите и за време на паузите снимање на играчите и тренерите, како и нивните разговори. Единствениот клуб кој не дозволува телевизиските камери во живо да пренесуваат што разговараат меѓусебе неговите играчи е Реал Мадрид.