понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Галтие ќе биде нов тренер на ПСЖ

Галтие ќе биде нов тренер на ПСЖ

Кристоф Галтие ги договорил сите детали си Пари Сен Жермен и ќе потпише двегодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона, пренесе „Екип“.

55-годишниот стратег во Париз доаѓа од Ница, а парижаните ќе мора да му платат 10 милиони отштета на неговиот поранешен клуб за предвремениот раскин на договорот.

Галтие, кој минатата сезона го предводеше Лил до титулата, ќе зема помала плата од актуелниот тренер на ПСЖ, Маурисио Почетино.