недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Галтие: На ова ниво потребна е поголема луцидност

Галтие: На ова ниво потребна е поголема луцидност

Кристоф Галтие го доживеа првото најголемо разочарување во својата етапа како тренер на ПСЖ, која веќе сега е доведена во прашање поради бледото издание на тимот во двата дуели со Баерн Минхен.

– Не успеавме да ги искористиме нашите најсилни страни. Имавме добар прв дел и успеавме да се натпреваруваме со Баерн. За жал, не успеавме да ги конкретизираме шансите кои ги имавме. Во вториот дел, брзо направивме глупост и примивме гол. Тоа беше клучно, на ова ниво, мора да имате поголема луцидност. Не знам дали ова ќе ни послужи како лекција, она што е сигурно е дека сме фрустрирани и разочарани. Имавме премногу важни отсуства на двата меча, но нема да добиеме ништо ако се жалиме. Вистината е дека сите сме многу разочарани, сите имавме голема надеж за овој втор меч. Премногу е рано да се зборува за мојата иднина, тоа ќе зависи од моето управување до крајот на сезоната и од мојот претседател. Сега ќе го одржам курсот и ќе се фокусирам кон крајот на сезоната, – изјави Галтие.