Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Ханси Флик, денеска го објави списокот со 26 фудбалери на кои ќе смета за натпреварите на претстојното Светско првенство кое од 20 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар.
Во составот на Германија за прв пат од 2017 година се враќа Марио Геце, кој го постигна победничкиот гол во финалето на Мундијалот 2014 во Бразил.
За Германија во Катар ќе настапат уште тројца освојувачи на светската титула од Бразил – Томас Милер, Мануел Ноер и Матијас Гинтер.
Во репрезентацијата за прв пат се повикани играчот на Вердер, Никлас Филкруг и 17-годишниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко.
Составот на Германија за Мундијалот во Катар:
Голмани – Мануел Ноер, Марк – Андре тер Штеген, Кевин Трап.
Одбрана – Армел – Бела – Кочап, Матијас Гинтер, Кристијан Гинтер, Тило Керер, Лукас Клостерман, Давид Раум, Антонио Рудигер, Нико Шилотербек, Никлас Зиле.
Среден ред и напад – Карим Адејеми, Јулијан Брант, Никлас Гилкруг, Серж Гнабри, Леон Горецка, Марио Геце, Илкај Гундоган, Каи Хаверц, Јонас Хофман, Џошуа Кимик, Јусуфа Мукоко, Томас Милер, Џамал Мусијала, Лирој Сане.