На фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах му се оствари желбата во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) да игра против Реал Мадрид, кој вчера го елиминираше Манчестер сити.
Салах по победата против Вилјареал кажа дека има желба да се повтори финалето од 2018 година, кога мораше порано да го напушти мечот поради повреда по еден груб дуел со Серхио Рамос.
„Треба да ги израмниме сметките“, напиша Салах на Инстаграм по вчерашната победа на „кралевите“.
We have a score to settle. pic.twitter.com/MWxfhIIW78
— Mohamed Salah (@MoSalah) May 4, 2022