Репрезентацијата на Хрватска не успеа да се пласира во финалето на Светското првенство во Катар откако синоќа во полуфиналето Аргентина ја победи со 3:0.
По мечот во центарот на вниманието беше пораката на Новак Ѓоковиќ, на која утрово мораше да реагира Дејан Ловрен.
По синоќешниот меч во центарот на вниманието беше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој реши да се огласи по мечот со Аргентина и им честиташе на хрватските играчи за уште еден голем напор на вакво големо натпреварување и покрај поразот во полуфиналето.
„Им честитам на овие момци и на целиот тим за уште едно одлично првенство“, напиша Ѓоковиќ и во објавата ги означи Ловрен и Модриќ, а хрватскиот дефанзивец веднаш реши да реагира.
„Благодарам Нола“, напиша кратко Ловрен.