среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Го навредуваа фудбалерот на Реал Мадрид, сега е најавено дека ќе бидат изведени пред суд

Го навредуваа фудбалерот на Реал Мадрид, сега е најавено дека ќе бидат изведени пред суд

Шпанската фудбалска Ла Лига се огласи и ги осуди овие испади на мечот Атлетико- Реал Мадрид. Ова е нивната изјава:

„Ги осудуваме сите инциденти кои се случуваат внатре и надвор од стадионот. Соработуваме со клубовите за да го направиме фудбалот забавен и пријателски.Говорот на омраза нема место во Ла Лига и ќе работиме со властите и клубовите за да ги идентификуваме одговорните и да ги изведеме пред лицето на правдата. Не прифаќаме никакво навредливо однесување кон играчите, каква било форма на расизам“.

Објавено е видео од тунелот Метрополитано на кое се гледа како бразилскиот напаѓач ги поздравува сонародниците од Реал Мадрид, но направи потег кој навивачите на Атлетико нема лесно да му го простат.

Кога го виде Винисиус како доаѓа кон него, Куња реши да танцува со него, поради што го навлече гневот на навивачите на Атлетико, иако тоа секако не го очекуваше.

Многумина го критикуваа што го направил тоа и рекоа дека на тој начин го понижил капитенот Коке, кој има јасен став за танцувањето на Винисиус, но Куња се обиде да најде оправдување по натпреварот.