Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Диего Годин призна дека го одбил новиот договор со клубот. Уругваецот во новата сезона ќе биде капитен на „јорганџиите“.
– Не го продолжив договорот од лични причини. Исто така, ги отфрлив неколкуте понуди добиени ова лето од други клубови. Оваа сезона повторно се обидуваме да ја освоиме Лигата на шампионите, исто така ќе се обидеме да ја подобриме играта и резултатот во сите натпреварувања, изјави Годин.
Уругваецот на истекот на летниот рок ја одби и понудата од менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо. (МИА)