Македонскиот фудбалски репрезентативец, Горан Пандев одигра уште еден меч во Серија А во дресот на Џенова.
Македонецот доби шанса во второто полувреме од тренерот Балардини, а тој возврати со гол и асистенција во пресметката со Аталанта која на крајот ја доби клубот од Бергамо со 4-3.
Струмичанецот прво погоди од пенал во 67 минута за 2-3, додека пак во 84 минута го проигра Шмурудов кој потоа го совлада Голини.
Со овој триумф Аталанта дојде до 78 бод и на тој начин официјално го потврди пласманот во Лигата на шампионите за наредната сезона.
Џенова од друга страна е безбедна во Серија А, Пандев во актуелнава сезона има 7 голови и 3 асистенции.