Започна втората фаза од Светското првенство, елиминацискиот дел од турнирот се отвори со вистинско дерби, меѓу Аргентина и Франција, а резултатот на полувремето е 1:1, резултат кој сигурно го сакаат сите неутрални фудбалски фанови.
Иако на теренот Франција беше многу поконкретна, па и поради тоа имаше водство во поголемиот дел од полувремето, откако Гризман преку пенал им донесе водство уште во 13-та минута, сепак Аргентина на 4 минути пред крајот полувремето успеа да израмни.
И тоа како успеаја да стигнат до израмнување, со голот на Анхел Ди Марија, гол кој можеби е и најубав досега на првенството.
Погледнете ја мајсторијата на Аргентинецот: