среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Голем гест на Ливерпул: Почит на починатиот фан на Евертон

Голем гест на Ливерпул: Почит на починатиот фан на Евертон

Фудбалерите на Ливерпул му се придружија на градскиот ривал Евертон и му оддадоа почит на навивачот на „карамелите“ кој трагично го загуби животот во понеделникот. На свој начин го испратија и фановите на Ливерпул.

Дваесет и шестгодишниот Мајкл Џонс почина во понеделникот на градилиштето на новиот стадион на Евертон, а во саботата тимовите на двата клуба му оддадоа почит на младиот човек.

Предводени од Јирген Колп, првотимците на Ливерпул во саботата наутро положија цвеќе на Брамал Мур со порака на сочувство во името на сите од „црвената страна“ на градот.

Шон Дајч ја предводеше и екипата на Евертон која положи венец на истото место.