Полека завршува сагата околу иднината на најголемиот талент на Хајдук Сплит, Лука Вушковиќ. 16-годишниот дефанзивец беше мета на многу европски гиганти, но по сè изгледа кариерата ќе ја продолжи во Франција.
Стоперот е висок 193 сантиметри и важи за еден од најдобрите млади фудбалери во светот, а интересот за него трае веќе две години.
Хрватските медиуми денес ја пренесуваат веста дека Хајдук ја прифатил понудата од Пари Сен Жермен и младиот Вушковиќ уште оваа лето ќе ги засили „светците“ од Париз.
Сумата што ПСЖ ќе му ја исплати на хрватскиот тим е 10,5 милиони евра, а се претпоставува дека договорот ќе биде со времетраење од пет години.