Ливерпул е пред голем предизвик да обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, односн ќе му биде потребна победа од најмалку три гола на реванш мечот против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.
„Црвените“ загубија со 5-2 пред своите гледачи и сега потребен е триумф од најмалку три разлика, односно такво славје е минимално за да се одведе оваа пресметка во продолженија, пенали.
Од претходно беше познато дека недостапни се Луис Дијаз и Тијаго Алкантара, листа на која сега се и Џордан Хендерсон и Стефан Бајчетиќ. Хендерсон е болен, додека талентираниот Бајчетиќ е повреден што секако се лоши вести за составот од „Енфилд Роуд“.
Натпреварот е закажан за стандардниот термин од 21 часот.