Арда Ѓулер ќе мора да почека за своето деби во дресот на Реал Мадрид откако беше обелоденето дека турскиот суперталент се мачи со незгодна повреда на десното колено.
Ѓулер треба да биде големо засилување за „кралевите“, кои во трката за овој трансфер ја победија Барселона, но Карло Анчелоти се уште нема можност да го види на дело турскиот репрезентативец.
Тој мораше да тренира изолирано на турнејата во САД, а откако првите третмани не вродија со плод, дополнителните прегледи покажаа дека станува збор за проблем со менискусот на коленото.
Првите информации велат дека Турчинот нема да мора да биде опериран, но во секој случај ќе го очекува извесен период на мирување и Ѓулер ќе пропушти најмалку еден месец од стартот на сезоната.