среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Горан Пандев: На мечот против Германија нема што да загубиме

Горан Пандев: На мечот против Германија нема што да загубиме

Македонскатафудбалска  репрезентација првиот дел од квалификациите за Светското првенство во Катар ќе го заврши со мечот против Германија, селекција која е прв фаворит за првата позиција во нашата Ј група.

Дуелот се игра утре од 20:45 часот во Дуизбург, а целта на „црвено-жолтите“ е да се прикажат во што подобро издание, па ако се отвори шанса да се дојде и до поволен резултат.

-Не е никаква тајна дека Германија е голем фаворит, чест и задоволство е што ќе играме против репрезентација од ваков ранг. Не ни треба дополнителен мотив, немаме што да загубиме. Ќе го дадеме максимумот иако ова ни е трет натпревар за седум дена.Ова не е Македонија од пред неколку години, располагаме со квалитет и тоа го покажавме со пласманот на ЕП. Оваа репрезентација може да се носи со секој противник, ќе биде еден добар натпревар. Ова е фудбал и да не се случи чудо во Дуизбург, -рече капитенот Горан Пандев.