недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Готово е: Зидан извиси, Дешан останува селектор на Франција

Готово е: Зидан извиси, Дешан останува селектор на Франција

Човекот кој на последните две Светски првенства со Франција ја освои титулата и играше во финалето, Дидие Дешан, денеска потпиша нов договор со француската фудбалска федерација до 2026 година.

Оваа вест ја потврди Фудбалската федерација на Франција која инсистираше Дешан да го продолжи договорот откако со Триколорите загуби во финалето на СП во Катар од Аргентина по подобро изведување на пенали.

Дешан како селектор на Франција триумфира на СП 2018 и во Лигата на нации во 2021 година, а играше во финалињата на ЕП 2016 кога загуби од Португалија и на СП 2022. Тој на клупата на Франција досега седеше 139 натпревари и има скор од 89 победи, 22 ремија и 22 порази со гол разлика 279:119.

Ова значи дека Зинедин Зидан кој речиси една и пол година е без ангажман чекајќи го повикот да седне на клупата на Франција, ќе мора да се врати на клупскиот фудбал.

Во Федерацијата имаше круг на луѓе кои инсистираа Зидан веднаш по завршување на СП во Катар, да биде именуван за нов селектор, но Дешан со пласманот во финалето иако не можеше да смета да неколку клучни играчи кои беа повредени, покажа дека заслужува да остане селектор уште еден циклус.

Зидан наводно има понуда од Бразил да биде селектор, но таа вест не е потврдена, а се споменува дека би можел да ја прифати понудата на Јувентус кого веќе го одби два пати, и од лето да седне на клупата на Старата дама.