Понудата на Реал Мадрид од 170 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси е прифатена од парижаните и трансферот се очекува да биде официјално потврден во текот на утрешниот ден.
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи не сакаше да ја прифати првата понуда на „кралевите“, но очигледно нема друг избор затоа што Мбапе се заканил дека ќе замине бесплатно следното лето доколку не го продадат во текот на овој преоден рок.
„Кралевите“ и во минатото даваа многу пари за фудбалери, а тие поставија рекорд и во 2009 година кога го купија Кристијано Роналдо за 94 милиони евра, а потоа и Герет Бејл за 101 милион евра.
Пред две години Азар беше платен неверојатни 116 милиони евра, а летово ќе ги надминат сите граници и ќе потрошат 180 милиони евра за Мбапе, па така тој ќе стане нивно најскапо засилување во историјата.