Раководството на Челзи му даде поддршка на тренерот Грахам Потер и покрај слабата форма и резултатската криза во која се наоѓа лондонскиот премиерлигаш, објавија денеска британските медиуми.
Потер седна на клупата на Челзи во септември кога потпиша петгодишен договор, а британскиот сервис Би-Би-Си наведува дека клупското раководството предводено од американскиот милијардер Тод Боли гледа на неговиот ангажман како на долгорочен проект.