четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Грција, Саудиска Арабија и Египет ќе се кандидираат за домаќини на Мундијалот во 2030

Грција, Саудиска Арабија и Египет ќе се кандидираат за домаќини на Мундијалот во 2030

Саудиска Арабија, Грција и Египет ќе поднесат заедничка кандидатура за организација на Светското фудбалско првенство во 2030 година, објави денеска лондонски Тајмс

Доколку ФИФА ја прифати нивната кандидатура, СП 2030 би бил прв Мундијал во историјата одржан на три различни континенти.

Саудиска Арабија би била главен финансиски покровител на Мундијалот 2030, кој како и претстојното СП во Катар би се одржал во зимски термин.

Заедничка кандидатура за организација на СП 2030 досега најавија Португалија и Шпанија, како и четири држави од Јужна Америка – Уругвај, Чиле, Парагвај и Аргентина.

Желбата на јужноамериканските кандидати е да ја добијат организацијата на стогодишнината од првиот СП, чиј домаќин во 1930 година беше Уругвај.