четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Грижа за Ливерпул, се повреди Мане

Грижа за Ливерпул, се повреди Мане

Раководството на Ливерпул доби лоша вест од Африка, откако еден од најдобрите поединци во таборот на Јирген Клоп, Садио Мане се повреди за време на квалификацискиот натпревар против Того.

Сенегал ремизираше на ова гостување (1-1), а Мане поради повреда мечот го заврши во 28. минута. Повредата се случи откако по еден воздушен дуел со играч на Того, Мане незгодна доскокна и побера медицинска помош.

Од редовите на Сенегал соопштуваат дека повредата на напаѓачот не е сериозна и дека нема причина за грижа,

Доколку се случи спротивното, тоа би било нов тежок удар за „црвените од Енфилд“, откако пред извесен период останаа без услугите на напаѓачот Роберто Фирмино.