Францускиот напаѓач Антоан Гризман е прогласен за најдобар фудбалер на полуфиналниот натпревар од Светското првенство во 2022 година против Мароко.
По синоќешната средба која заврши со победа на Французите од 2:0, на Гризман му беше доделена наградата.
Триесет и едногодишниот Французин го одигра целиот натпревар. Тој беше иницијатор на нападот во 5. минута по што Тео Ернандез го отвори резултатот.
Во финалето на Светското првенство 2022 година, репрезентацијата на Франција ќе игра со Аргентина. Средбата ќе се одржи в недела (18 декември) со почеток во 16 часот. (МИА)