Хрватскиот фудбалер Јошко Гвардиол имаше перфектно Светско првенство и е еден од најзаслужните што Хрватска дојде до бронзата на Светското првенство.
„Многу од нас не се свесни што направивме. Покажавме дека се е можно кога е најтешко. Тешко е да се опише ова чувство. Пред четири години на море ги следев натпреварите на Хрватска и гледав како на нашите играчи им беше тешко таму“, вели Гвардиол.
„Оваа победа им ја посветувам на моите родители. Без нив не би бил тука. Се радуваме на враќањето во Загреб и славјето со нашите фамилии“.
Имаше една спорна ситуација во шеснаесетникот на Мароко кога Гвардиол беше фаулиран.
„Не сум сигурен дали беше пенал. Ме закачи по нозете, но тоа сега не е важно“.