петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Никој не може да се споредува со Меси, тој е најсовршениот играч, но, Халанд го достигна истото ниво во однос на головите

Гвардиола: Никој не може да се споредува со Меси, тој е најсовршениот играч, но, Халанд го достигна истото ниво во однос на головите

Пеп Гвардиола смета дека во некои аспекти Ерлинг Халанд е рамен со Лионел Меси.

-Никој не може да се споредува со Меси, а таквите споредби нема да му помогнат на Ерлинг, но во однос на головите и менталитетот, да. Меси е таков секоја сезона веќе 10 или 15 години, но во однос на постигнатите голови Халанд е на исто ниво. Постигнува голови на речиси секој натпревар. Има шанси да постигне еден или два гола на секој натпревар. Но, Меси е најкомплетниот играч по визија, дриблинг, вештини за додавање, морал и многу други сложени работи. Се надевам дека Ерлинг ќе биде таков во иднина. Ќе биде одлично и за него и за нас, изјави Гвардиола.

Манчестер сити вечер од 21 часот се среќава со Вест Хем. Со победа „Граѓаните“ ќе се вратат на првото место на табелата во Премиер лигата. (МИА)