Грузискиот интернационалец Квича Кварацхелија игра одлично во дресот на Наполи, па Пеп Гвардиола и сака да го доведе во Манчестер Сити.
Кварацхелија веќе на првите натпревари во дресот на Наполи го воодушеви фудбалскиот свет и покажа дека може да биде нова голема фудбалска ѕвезда.Наполи за неговиот потпис плати 10 милиони евра, а сега неговата цена вртоглаво порасна.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Гвардиола нема да жали пари за да го довесе на „Етихад“ и е спремен да понуди 75 милиони евра за неговиот потпис.