недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хакими: Мбапе ја заслужува „Златната топка“

Хакими: Мбапе ја заслужува „Златната топка“

Мароканскиот репрезентативец, Ашраф Хакими, зборуваше со француските медиуми за актуелната ситуација во ПСЖ, а се осврна и на неговиот соиграч, Килијан Мбапе.

. „Килијан е неверојатен. Погледнете го неговиот учинок минатата година и веднаш ќе ви стане јасно за што зборувам. Тој потполно ја заслужува „Златната топка“, затоа што е фанстастичен фудбалер и убедливо најдобар во светот. Неколку сезони е вистински предводник на ПСЖ, а особено е фантастичен во француската репрезентација. Незапирлив е. Тој е за мене вистинскиот кандидат за трофејот“, изјави Хакими.

Француската ѕвезда е во најтесниот избор за престижната титула, а со него во „трката“ се Лионел Меси од Интер Мајами и Ерлинг Халанд од Манчестер Сити. Свечената манифестација за доделување на „Златната топка“ ќе се одржи на 30 октомври во Париз.