четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Халанд го потпиша најбогатиот договор во историјата, а не е со Сити

Халанд го потпиша најбогатиот договор во историјата, а не е со Сити

Норвешанецот Ерлинг Халанд го потпиша најпрофитабилниот договор во историјата на фудбалот.

Не се работи за нов договор со Манчестер Сити, туку со познатиот производител на спортска опрема.

Имено, младиот напаѓач се обврзал да носи копачки на Најк во следните десет години, а за тоа ќе добие неверојатни 227.000.000 евра, пренесуваат островските медиуми.

Тоа значи дека само од овој бренд годишно ќе заработува 22,7 милиони евра!

Тоа е најбогатиот спонзорски договор во историјата на фудбалот.

-Со своите голгетерски фигури ја одбележа не само сегашноста, туку и иднината на фудбалот. Тој е наследник на најголемата деветка и напаѓач на новата генерација, објави „Најк“.