четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Халанд ќе го пропушти дуелот на Манчестер сити со Севилја во Лигата на шампионите

Халанд ќе го пропушти дуелот на Манчестер сити со Севилја во Лигата на шампионите

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд ќе го пропушти финалниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против Севилја, објави Би-би-си.

Тренерот на „граѓаните“ Хосеп Гвардиола изјави дека напаѓачот нема да биде во тимот за претстојниот натпревар.

Дваесет и двегодишниот Норвежанец се уште ја нема стекнато потребната подготвеност по повредата.

Да потсетиме дека Халанд се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (0:0) и беше заменет на полувремето.

Во сезоната 2022/23, Халанд постигна 22 гола и три асистенции на 16 натпревари за Манчестер сити.