Вчера беше завршена сагата со Ерлинг Халанд, Норвежанецот наредната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Сити.
Манчестер Сити го потврди трансферот, а Норвежанецот во клубот ќе пристигне по завршувањето на сезона. Халанд за Борусија постигна 85 голови на 88 натпревари, а минатата сезона играше против Сити во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Деталите од договорот не се објавени и се очекува Халанд да потпише договор на пет години со актуелниот шампион на Премиер лигата кој остана без напаѓач после заминувањето на Кун Агуеро.
Халанд на Сити ќе му се придружи на 1. јули 2022 година. На Островот веќе се најавува и кој број ќе го избере Норвежанецот во Манчестер. Според најавите Халанд ќе го избере бројот на неговиот татко.
Таткото на Халанд, Алф-Инге Халанд одигра 47 натпревари во текот на две сезони во Манчестер Сити помеѓу 2000 и 2003 година и го носеше дресот со број 15. Сега 21- годишникот би можел да го наследи тој број што би била вистинска фудбалска романтика.