Откривајќи детали од својата младост еден од најдобрите офанзивци на денешницата, Ерлинг Халанд вели дека првата негова девојка го натерала да бира меѓу неа и фудбалот.
Добро е познато што одбра Халанд, иако како што нагласува, повеќе на шега, понекогаш и му недостасува…
„Постојано се жалеше дека немам доволно време за неа, дека сум опседнат од фудбалот. Еден ден побара од мене да бирам меѓу неа и фудбалот. Понекогаш ми недостасува“ – открива Халанд.
Којзнае, пак, како сега од оваа дистанца размислува неговата девојка. Халанд од момче само онака заинтересирано за фудбалот, се вивна до ѕвездите во моментов иако има само 21 година.