Ерлинг Браут Халанд ќе игра во Манчестер сити во следните пет години, откако еден од најпознатите италијански новинари Николо Шира објави дека е завршена работата за трансферот на центарфорот на Борусија Дортмунд.
Борусија Дортмунд ќе добие 75 милиони евра за отштета, а Халанд огромни 30 милиони евра годишно со што ќе биде најплатен фудбалер на Островот заедно со Кристијано Роналдо, ако Португалецот остане на „Олд Трафорд.