петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хаос во Српската фудбалска федерација, Пикси е обвинет дека земал бонус од 1,5 милиони евра

Хаос во Српската фудбалска федерација, Пикси е обвинет дека земал бонус од 1,5 милиони евра

На последната седница на Фудбалската федерација на Србија се случил инцидент кој го предизвикал членот на извршниот одбор Новица Тончев кој го обвини селекторот и неколку други членови на српската делегација дека земале многу пари како бонус.

Србија имаше разочарувачки настап на Светското првенство во Катар, а лошата атмосфера се прели во Фудбалската федерација на оваа земја.

Пикси е обвинет дека добил бонус од милион ипол евра за пласманот во Катар, а в.д. претседателот на федерацијата, Бјековиќ како и генералниот секретар Јован Шурбановиќ и директорот Стеван Стојановиќ си поделиле по 350.000 евра.

Директорот на репрезентацијата, Стеван Дика Стојановиќ, потоа рече дека Новица Тончев без докази обвинувал само за да направи штета. Неговите излагања не се точно, а бонусите биле поделени по правилниците за кои гласал и самиот Тончев.