Фудбалерите на Тотенхем во натпревар од Премиер лигата го совладаа Кристал Палас со 1:0 во рамките од 35-тото коло.
Eдинствениот гол на натпреварот беше дело на најдобриот играч на „петлите“, Хари Кејн во судиското продолжение од првото полувреме.
За Кејн ова беше 209-ти гол во Премиер лигата и така го прескокна Вејн Руни на вечната листа стрелци на Премиер лигата. На врвот и понатаму останува легендарниот Алан Ширер кој во најсилната англиска конкуренција постигна 260 голови.