Југославија секогаш имала што да покаже на настапите на Светските првенства. Голем број таленти се појавија до 1990 година, кога репрезентацијата на Ивица Осим заврши на петтата позиција.
Пред секое ново големо натпреварување се креира хипотетичка репрезентација од најдобрите балкански фудбалери. Така е и оваа година, во пресрет на Мундијалот во Катар. Од македонската репрезентација само Ељиф Елмас најде место меѓу најдобрите единаесет во југословенската селекција од денешно време.
Голман: Јан Облак
Одбрана: Симе Врсаљко, Јошко Гвардиол, Стефан Савиќ, Сеад Колашинац
Среден ред: Лука Модриќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Филип Костиќ, Ељиф Елмас
Напад: Бенџамин Шешко, Александар Митровиќ
Меѓу резервите од македонските интернационалци се уште Столе Димитриевски и Езџан Алиоски. Исто така се споменуваат Самир Хандановиќ, Асмир Беговиќ, Никола Миленковиќ, Дејан Ловрен, Амир Рахмани, Иван Ракитиќ, Марсело Брозовиќ, Матео Ковачиќ, Марио Пашалиќ, Душан Влаховиќ, Един Џеко, Лука Јовиќ, Анте Ребиќ, Андреј Крамариќ и Стеван Јоветиќ.