четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хјулманд: Нема да играме дефанзивно и ќе нападнеме против Англија

Хјулманд: Нема да играме дефанзивно и ќе нападнеме против Англија

Фудбалската репрезентација на Англија ќе биде голем фаворит во полуфиналето против Данска, но скандинавската селекција не планира да се повлече пред домаќините на „Вембли“.

Данскиот селектор Каспер Хјулманд денеска на прес-конференцијаа најави дека неговите фудбалери се оптимисти и дека планираат офанзивен фудбал.

– Не ми се допаѓа менталитетот на аутсајдери. Ние сигурно нема да бидеме фаворити, но нема да играме дефанзивно и да чекаме да издржиме без да примиме гол. Сакаме да имаме контрола на топката и да бидеме свесни дека во одредени моменти ќе мора да работиме напорно во одбрана. Потребни ни се вакви предизвици, имаме квалитетни фудбалери и противникот ќе биде мотивација, – изјавил денеска Хјулманд.