четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хрватска загуби од Словенија, Франција со реми против Украина

Хрватска загуби од Словенија, Франција со реми против Украина

Фудбалската репрезентација на Словенија направи изненадување со 1-0 откако ја победи Хрватска, Србија со пресврт дојде до триумф од 3-2 над Република Ирска, Франција одигра само реми 1-1 против Украина на свој терен на стартот од квалификациите за пласман на СП во Катар во 2022 година.

Словенија со гол на Ловриќ уште во 15. минута дојде до триумф над Хрватска на стартот од квалификациите за Светското првенство.

Интересно беше во Белград каде Република Ирска поведе во 18. минута со гол на Броун, а до крајот на првото полувреме Влаховиќ успеа да изедначи на 1-1. Митровиќ влезе во игра во 63. минута и малку му требаше да почне свое шоу. Најпрво донесе водство од 2-1 со прекрасен лоб удар, а потоа погоди и со глава за 3-1. При сите три погодоци Тадиќ беше асистент.

До крајот на мечот Република Ирска преку Колинс успеа само да го ублажи поразот. Франција беше огромен фаворит против Украина, но одигра само 1-1. Нашиот противник на Европското првенство се покажа во одлично светло.

Французите поведоа со убав гол на Грузман во 19. минута, Украина среќно изедначи со автогол на Кимпембе во 57. минута. Португалија со автогол на Медведев со 1-0 славеше над Азербејџан.

Белгија со 3-1 го победи Велс. Де Брујне, Торган Азар и Лукаку погодија за домаќинот. Црна Гора со 2-1 славеше на гостувањето кај Летонија, Русија со 3-1 славеше на Малта, а Норвешка со 3-0 победи во Гибралтар.

Најубедливата победа ја оствари Чешка која со 6-2 победи во Естонија, Финска и БиХ одиграа 2-2, немаше погодоци на дуелот меѓу Кипар и Словачка.