недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хрватскиот голман влезе во историјата на Мундијалите

Хрватскиот голман влезе во историјата на Мундијалите

Најзаслужен за пласманот на Хрватска во четвртфиналето на Мундијалот беше голманот Доминик Ливаковиќ, кој блескаше во пенал серијата против Јапонија.

Чуварот на мрежата на Динамо Загреб одбрани дури три удари на „самураите“ од 11 метри и со тоа ги доведе „коцкестите“ до осумте најдобри селекции на Мундијалот.

– Чувството е одлично, пред се поради тимот, атмосферата е одлична. Благодарност до навивачите кои дојдоа. Јапонците одлично притискаа од самиот почеток. Одигравме тежок натпревар, тие беа добро подготвени, но и ние. Победивме кога ни беше најтешко. Ова е најдобриот натпревар во мојот живот и ова се моите омилени моменти во кариерата, изјави Ливаковиќ по натпреварот.

Инаку, голманот на Хрватска влезе во историјата на светските првенства. Тој стана третиот голман кој одбранил три пенали на еден натпревар.

Прв кој го постигна овој подвиг беше Португалецот Рикардо, кој на СП 2006 година во дуел со Англија ги запре ударите на Френк Лампард, Џејми Карагер и Стивен Џерард. Следниот е Данијел Субашиќ на последниот планетариум во Русија кога запре три удари од белата точка за Данците.