Селекторот на Данска, Каспер Хулманд беше одушевен по убедливата победа од 4-0 над Велс и пласманот во четвртфиналето на Европското првенство.
„Тешко ми е да поверувам дека ова е реалност. Им се восхитувам на момците и на фактот дека продолжуваме да се натпреваруваме на овој начин. Кој и да е на теренот, секој дава максимум. Ние сме тим од вистински воини“, ги пофали селекторот Хумланд своите фудбалери.
„Имав добро чувство дека ќе ја искористи дадената шанса. Попладнево беше фантастичен. Постојано напредуваме и се обидуваме да бидеме подобри“, рече селекторот за играчот на натпреварот.
Данска во четвртфиналето го чека победникот од дуелот во Будимпешта помеѓу Холандија и Чешка.