среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

И да му заврши договорот, Вилијан ќе ја доигра сезоната за Челзи

И да му заврши договорот, Вилијан ќе ја доигра сезоната за Челзи

Напаѓачот на Челси, Вилијан изјави дека е подготвен да игра за тимот од Лондон, доколку сезоната 2019/20 не биде завршена пред истекот на неговиот договорот со „сините“.

-Мојот договор ќе заврши наскоро, веќе во јули, но ако сезоната во Англија нема време да заврши пред тој момент, ќе играм за Челси без никакви проблеми, затоа што сум верен на тимот, како што е и тој верен на мене, изјави Вилијан.

Договорот на 31-годишниот Бразилец со Челси важи до крајот на јуни 2020 година. Во сезоната 2019/20 година, тој постигна седум гола и шест асистенции на 37 натпревари.

Шампионатот на Англија е одложено барем до 4 април поради пандемијата на коронавирус.