Англискиот тим ќе се бори во своето прво големо финале по освојувањето на Светскиот куп во 1966 година, што е единствено искуство во животот, не само за училишните деца, туку и за многу од нивните родители.
Сепак, започнувањето во 20 часот по локално време значи дилема за родителите: обид да ги одведете своите возбудени деца во кревет пред натпреварот или да ги оставите да гледаат и да ризикуваат во понеделник да бидат уморни?
Директорите на две училишта се обиделе малку полесно да го направат тој избор нудејќи им изборно започнување на наставата во 10:30 часот.
„Повеќе би сакале децата да се одморени и подготвени на училиште отколку да отсуствуваат или да бидат заспани цел ден!, стои во писмото до родителите чии деца одат во основното училиште „Биркландс“ во Менсфилд, централна Англија.
“Нека гледаат, зборуваат за тимската работа, мотивација, еластичност и можеби разочарување. Ова е можност да научат”, се објаснува во писмото.
Добрата вест за учениците можеби нема да заврши тука.
После полуфиналната победа над Данска во средата, има петицијата со која се повикува на државен празник доколку Англија победи, а собрани се повеќе од 300.000 потписи.
Запрашан за можноста за слободен ден за прослава, секретарот за транспорт Грант Шапс не ја отфрли идејата, но не сакал да се обврзе : „Не сакам да го зарекнам ова!“