недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ибрахимовиќ се врати со гол , Милан го победи Лацио

Ибрахимовиќ се врати со гол , Милан го победи Лацио

Милан не само што го победи Лацио, туку и го доминираше во текот на целиот меч. Тимот на Сари изгледаше немоќно на Сан Сиро.

Резултатот го отвори Леао во 45. минута по една одлична акција со Анте Ребиќ.Милан на паузата можеше да отиде и со два гола предност, но Кеси промаши пенал во судиското продолжение.

Ибрахимовиќ во игра влезе во 60. минута, тоа беше негов прв настап по долгата пауза поради повреда. Му требаа само седум минути за да постигне гол и да му донесе водство на Милан од 2-0. Ребиќ и за овој гол беше асистент.

По последниот свиреж на судијата се случи мешаница меѓу двата тима, тренерот на Лацио, Сари доби црвен картон.