Останува една недела до најочекуваниот спортски настан на планетата – светското фудбалско првенство во Русија. Националните селекции на 32 земји веќе недела водат напорни подготовки за првите натпревари.
И додека повеќето ѕвезди на модерниот фудбал ги спакуваа куферите за Русија, има еден сериозен дел од топ фудбалерите кои ќе го пропушти Мундијалот поради една или друга причина.
Ви го презентираме идеалниот тим на играчи, чие отсуство сигурно ќе се почуствува на терените ширум Русија:
Голман: Џанлуиџи Буфон;
Дефанзивци: Вирџил Ван Дијк, Маркос Алонсо, Дани Алвеш, Лорен Кошчелни;
Среден ред: Лерој Сане, Раџа Нинголан, Артуро Видал, Герет Бејл;
Напаѓачи: Алексис Санчез, Мауро Икарди.