Фудбалските екипите завршија со резаултат 0:2, а навивачктие табори со 21 навивач зад решетки и еден на операција со оштетен бубрег од убод со нож. На терен победи гостиснакта екипа од Бугарија, но на скопките улици и стадиониот навивачите на Левски ја загубија битката со полицијата и домашните навивачи.
Ќотекот отпочна по влегувањето во скопски Чаир, а заврпи трагично со еден тешко повреден навивач, но и две верзии како и зошто локалните жители нагрнале на автомобилите со бугарски регистраски таблички. Нападот е снимен од случајни минувачи, а сторијата како настрда неговиот пријател, Петар Бозов ја раскажа за бугарската телевизија нова.бг.
ТУКА ЈА ГЛЕДАТЕ КРВТА. НА ЦЕЛОТО СЕДИШТЕ ИМА КРВ. НА ОВА МЕСТО СЕДЕШЕ ТОЈ. ГО ПРОБОДЕА ПРЕКУ ПРОЗОРЕЦОТ, БЕЗ МОЖНОСТ ДА СЕ ЗАШТИТИ. БЕЗ ПРИЧИНА И БЕЗ ПРОВОКАЦИЈА. САКАМ ДА КАЖАМ КАТЕГОРИЧНО ДЕКА НИЕ СМЕ СЕДУМ МОМЧИЊА ОД ИСТА ФИРМА, СО ВИОСКО ОБРАЗОВАНИЕ, СО ПРОФЕСИИ И НИКОЈ ОД НАС НЕ ПРОВОЦИРАЛ И НЕ СМЕ ОЧЕКУВАЛЕ ВАКВО НЕШТО И БЕВМЕ НАПАДНАТИ АПСОЛУТНО БЕЗ ПРИЧИНА, ВЕЛИ НАВИВАЧОТ ПЕТАР БОЗОВ.
Според Обвинителството, пак, бугарски навивачи со две возила се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”, каде што прво влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани, која преминала и во физичка пресметка.Потоа бугарските навивачи ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во тепачка со група граѓани кои излегле од околните објекти.
При враќање во автомобилот, 29-годишен бугарски државјанин бил прободен со остар предмет во стомакот. Кај него е констатирана тешка телесна повреда и е хоспитализиран. По извршена хируршка интервенција, тој е во стабилна состојба, информира обвинтиеслтовто. Верзијата на полицијата ја соопшти ресорниот миниситер, според кого колената иако обезбедувана од полцијата се одоила и завлегла во населбата Чаир.
Кој го предводел и отпочнал крвавиот инцидент обивнтиелството ќе трага по виновницните со помош на безбдносните камери на уличните столбови.
СО ЦЕЛ УТВРДУВАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ НА ГРАЃАНИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАЛЕ ВО НАСТАНОТ И КОИ СПОРЕД ПРВИЧНИТЕ СОЗНАНИЈА НЕ БИЛЕ ДЕЛ ОД ЛОКАЛНА НАВИВАЧКА ГРУПА, КАКО И ЦЕЛОСНО РАСЧИСТУВАЊЕ НА НАСТАНОТ, ПОДИГНАТИ СЕ ТРАГИ ОД МЕСТОТО НА НАСТАНОТ КОИ ЌЕ БИДАТ ПРЕДМЕТ НА ВЕШТАЧЕЊЕ. ОСВЕН ТОА, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ ВИДЕОЗАПИСИ ОД ОКОЛНИТЕ ОБЈЕКТИ И ОД КАМЕРИТЕ НА СИСТЕМОТ ‘БЕЗБЕДЕН ГРАД’, А СЕ ПРЕЗЕМААТ И ДРУГИ ДЕЈСТВИЈА, ВЕЛАТ ОД ЈО.
Фудбалскиот меч освен што ги подгреа надежите на љубителите на фудбалот околу пласманот во повиоското европско натпреварување, во позадина роварале и навивачките групи подготвувајчи се можна пресметка, но дополнително одгвор треба да даде полицијата как осе подготвувла за настан со висок бебздносен ризик. зАсега камерите имобилните на присутните се првичнтие докази кои говорат за немилите слики и националанта арена.
Таму, навивачките групи беа одовени и оддалечени, но подебелиото крај го извлече полицијата во која завршија тупанците. Тврди предмати немаше, затоа што специјлаците на самиот влез на стадионот како дополнителна мерка ги одзеле сите тврди предмети од буагрските навивачи, на што и тие реагираа. Денеска освен бугарскиот амбасадор во земјава, навивачите кои завршија зад решетки се потпираат и на нивната солидарност собирајќи пари за адвоактси услуги, но и со барање властие во Бугарија да им помогнат. Шкупи и Левски ќе ги одмерат силите на реванш во Софија.