петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Игор Ангеловски: Утре нè чека меч кој ќе го играме за чест и задоволство

Игор Ангеловски: Утре нè чека меч кој ќе го играме за чест и задоволство

По поразот од Романија и победата над Лихтенштајн, Македонија утре го игра третиот меч во серија од квалификациите за пласман на СП во Катар во 2022 година каде гостуваме кај првиот фаворит во групата, селекција на Германија.

„Германија не само што е фаворит против нас, туку тие се фаворити и за европски и светски титули. Утре нѐчека меч кој ќе го играме за чест и задоволство, ова е меч кој треба да нѐмотивира до максимум како што бевме мотивирани и одигравме добро против Италија и Шпанија. Германија импресионира со квалитетот и физичката подготвеност, но Македонија е подготвена да одговори на високо ниво, без оглед на тоа што ова е трет меч за седум дена“, вели селекторот Игор Ангеловски во пресрет на мечот со големиот фаворит.

„Многумина велат дека нема што да загубиме на овој меч, но јас велам дека ова е меч од кој можеме многу да добиеме. Против еден ваков противник ќе видиме до каде можеме да се носиме“- заврши популарниот Мрме на прес конференцијата.

Натпреварот меѓу Германија и Македонија се игра утре (среда) со почеток од 20:45 часот.