Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, истакна дека организаторите на Светското првенство во 2022 година можат да научат многу од искуството при организацијата на годинашниот Мундијал во Русија.
Тој исто така додаде дека Светското првенство во 2018 година е најдоброто во историјата.
– Неодамнешното Светско првенство во Русија ја постави летвичката многу високо. Има многу лекции што можеме да ги научиме од Русија. Прво, како да прифатите толку голем број луѓе – 1,5 милиони луѓе отидоа во Русија за да уживаат во турнирот. И сите беа пречекани на таков начин што за многумина тоа беше изненадување, истакна Инфантино при посетата на Катар.
Имаше голема загриженост за Русија, но се покажа како комплетно сигурно СП, многу гостопримливо, во земја каде што навивачите се чувствуваа добро. Ова беше потпомогнато од целото население, и јас сум сигурен дека истото ќе се случи и во Катар. Светското првенство во Русија беше најдоброто во историјата, но Светското првенство во 2022 година овде во Катар сигурно ќе биде уште подобро, уверува првиот човек на Светското фудбалска организација.
Светското првенство се одржа во Русија од 14 јуни до 15 јули. Победник беше Франција која во финалето ја совлада Хрватска со 4:2.