Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино негира дека има проблем во односите со двете големи фудбалски ѕвезди – Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Шефот на Светската централа го прокоментира отсуството на играчите на Барселона и Јувентус од церемонијата на доделувањето на наградите на ФИФА – „The Best“, истакнувајќи дека никој не е должен да присуствува на настанот.
Потсетуваме дека претходно се појавија гласини дека од ФИФА не го прифатиле мирно фактот дека Меси и Роналдо не присуствуваа во салата во Лондон.
– Јас длабоко ги почитувам Меси и Роналдо. Никој не е должен да присуствува на овие награди, ниту пак има обврска да ја прими наградата, рече Инфантино, кој додаде дека е подготвен да се сретне и со двајцата фудбалери, за да ја соопшти повторно својата јасна позиција.
Наградата „The Best“ му беше доделена на полудефанзивецот на Реал Мадрид и капитен на Хрватска – Лука Модриќ.