Претседателот на ФИФА Џани Инфантино смета дека ВАР технологијата го направила фудбалот почесен, без суштински да го промени.
– Благодарение на ВАР технологијата гледавме почесно првенство. Ова е напредок и подобро е од минатото. ВАР технологијата не го менува фудбалот, туку го прави потранспарентен и им помага на судиите да донесат правилни одлуки. Па така головите од офсајд станаа минато, нагласи Инфантино.
Првиот човек на ФИФА наведе дека во почетокот бил скептичен, но резултатите се позитивни.
– Прифатен е и добро функционира. Кога пред две години почнавме да ја тестираме ВАР технологијата бев скептичен, но резултатите беа јасни и позитивни, истакна претседателот на ФИФА.
Досега на Светското првенство во Русија беа извршени 440 проверки и беа направени 16 корекции на судиските одлуки.
МИА