сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Инфантино застана во одбрана на Винисиус: Во иднина натпреварите ќе се прекинуваат!

Инфантино застана во одбрана на Винисиус: Во иднина натпреварите ќе се прекинуваат!

Винисиус синоќа беше на мета на расистички навреди на Местаља, се случи вистински скандал за кој се зборува во текот на целиот ден, многумина му дадоа поддршка на фудбалерот на Реал Мадрид, а меѓу нив е и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Инфантино му даде поддршка на Винисиус и најави прекин на мечевите и службени бодови за противникот.

„Давам поддршка на Винисиус. Во фудбалот нема место за расизам. Треба да се почитува протоколот на ФИФА во такви моменти. Прво ќе се запре мечот, а потоа фудбалерите ќе го напуштат теренот. Натпреварот може да продолжи ако се смират страстите, но ако се повтори инцидентот, тогаш средбата се прекинува и бодовите ги добива противникот“, вели Инфантино.