вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Инсиње се надева дека Анчелоти ќе помогне во походот кон Скудетото

Инсиње се надева дека Анчелоти ќе помогне во походот кон Скудетото

Фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње му посака усепх на новиот тренер Карло Анчелоти за кого верува дека може да му ја даде на тимот потребната сигурност и конечно да ја освои шампионската титула.

– Му посакувам на Карло Анчелоти се најдобро. Се надевам дека тој ќе ни помогне. Не го очекував ова, но нашиот претседател секогаш има адут во рака. Пристигнувањето на Анчелоти е среќа за Наполи. Тој е одличен тактичар. Што се однесува до Сари, можеме само да му се заблагодариме. Тој ни даде многу, многу научивме под негово водство и сме благодарни за тоа, истакна Инсиње.

Денес, Сари треба да одржи разговори со претставниците на Челзи.

МИА