сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ИТАЛИЈА КОНЕЧНО ГО ПРЕБРОДИ ПРОКЛЕТСТВОТО ОД ЈУГОСЛАВИЈА: По овој меч Италијанците го чекаа трофејот цели 53 години (ВИДЕО)

ИТАЛИЈА КОНЕЧНО ГО ПРЕБРОДИ ПРОКЛЕТСТВОТО ОД ЈУГОСЛАВИЈА: По овој меч Италијанците го чекаа трофејот цели 53 години (ВИДЕО)

Фудбалерите на Италија втор пат во историјата го освоија трофејот за најдобра репрезентација на стариот континент.

Италијанците на Вембли буквално ја срушија Англија на пенали и така станаа шампиони во Европа, прв пат по далечната 1968-та година кога со голема помош на швајцарскиот судија Годдфрид Динста стигнаа до европската круна.

Во тоа познато финале Италија за трофејот се бореше против Југославија.

Тимот на поранешната наша земја беше за класа подобар од Азурите, но тие покрај себе го имаа пристрасниот судија кој буквално ја искасапи нашата репрезентација на натпреварот.

Старите љубители на фудбалот и ден денес се сеќаваат и го паметат ова финале жалејќи што Југославија не станала првак во Европа.

По оваа освоена титула Италијанците немаа среќа на првенствата на стариот континент, а новата европска круна ја чекаа 53 години иако имаа сјајни тимови, а на многу шампионати биле и фаворити за трофејот.